| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао: Страшно е што се може да направи една будала

Колумбискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Радамел Фалкао енергично ги демантираше шпекулациите објавени во англиските медиуми за наводни проблеми со коленото.

Медиумите на островот објавија информација дека Фалкао после секој тренинг става мраз на коленото кое му беше повредено на почетокот на годината, повреда поради која го пропушти Мундијалот во Бразил.

– Една будала ќе направи шпекулација. Останатите медиуми ќе ја пренесат, а милиони читатели ќе поверуваат во лагата. Катастрофа е што се може да направи некоја будала, напиша Фалкао на својот „Твитер“ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top