Во пригоден осмомартовски говор, кандидатот за градоначалник на општина Карпош Јагнула Куновска на митингот во Влае 1 ги потсети мажите дека жената е столб на секое семејство и дека таа е создадена да се грижи и да го негува. Вети дека ако добие мандат нема да има дискриминација. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локани избори во Карпош, има 117 проекти, од кои повеќе од 30 се големи капитални инвестиции. Таа потенцираше дека приоритет и е економскиот подем на општината.
-Ветувам дека со отворањето на новата индустриска и економска зона ќе отворам нови работни места, а со тоа ќе се подобрат и животите на многу семејства, семејства од Карпош. Затоа ве повикувам масовно да излезете на избори на 24 март, за мене и моите советници, бидејќи само со мнозинство на советници никој нема да може да ги блокира нашите предвидени проекти. Карпош заслужува победа, додаде Куновска.
На денешниот мини митинг, свои обраќањa имаа и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, носителите на советничките листи на Карпош и Скопје од коалицијата За подобра Македонија, Сашо Лазаровски и Владо Поповски, како и Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Карпош, Синиша Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


