Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес сепак одлучил да ја прифати тренерската покана од шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, иако вчера попладне беше објавено дека тој нема да оди во Шпанија.
Како што јавуваат тамошните медиуми до пресврт дошло во последен момент од преговорите меѓу двете страни и Мојес ќе биде предводник на тимот кој во моментов се наоѓа во незавидна ситуација.
51-годишниот Шкотланѓанец без работа остана во април годинава по катастрофалната сезона во Манчетсер Јунајтед. Официјалната промоција на Мојес во новиот клуб е закажана за петок.
Сосиедад е на 15.место во Примера со ист број бодови колку што имаат уште четири екипи од дното на табелата па задача на Мојес ќе биде клубот да го извлече од опасната зона на испаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тренерот на Валенсија се повреди додека го славеше победничкиот гол (Видео)
-
Вардарци ќе имаат тешка задача: Сосиедад за едно полувреме ја потопи „жолтата подморница“ (Видео)
-
Атлетико Мадрид со еден гол ја продолжува победничката низа (видео)
-
Рутинска победа на Реал Мадрид за зацврстување на врвот на табелата (видео)