Претседателот на САД, Барак Обама ќе им додели на актерката Мерил Стрип и пејачот Стиви Вондер, претседателски Медал на слободата, кој е највисоката граѓанска награда на САД, пренесуваат американските медиуми.
Доделувањето ќе се случи во Белата куќа на 24 ноември. Меѓу другите наградени се композиторот Стивен Зондхајм, Том Брокоу, писателката Изабел Аљенде и голем број други уметници.
Медалот на слободата се доделува на граѓански лидери за нивниот придонес за безбедноста на САД, борбата за светскиот мир и културни достигнувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.