Новак Ѓоковиќ го урна рекордот на Станислас Вавринка, поставен вчера, а се работи за времетраење на мечевите на Мастерс купот во Лондон. Најпрво швајцарскиот ас за само 58 минути го преслуша Томаш Бердих со 6-1, 6-1, а веднаш потоа на сцена стапи Ѓоковиќ кој го подобри рекордот за две минути.
Во меч што заврши со идентични 6-1,6-1 Новак го декласира Марин Чилиќ и ширум си ја отвори портата кон полуфиналето на завршниот турнир во сезоната кај мажите.
Победи со по 2-0 на стартот во втората група забележаа и Роџер Федерер против Милош Раониќ, односно Кеи Нишикори во дуелот со Енди Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.