| четврток, 6 декември 2018 |

Нема казни за соседите што не пријавуваат семејно насилство

nasilstvo

Досега не се казнувале, ниту се планира да се казнуваат соседи за непријавување семејно насилство. Пријавата е обврска само доколку некој е директен сведок на семејно насилство, вели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додава дека во концептот на граѓанска одговорност со Законот за семејно насилство не се менува ништо.

– И до сега беше регулирана граѓанската одговорност во делот на пријавување семејно насилство. Непријавувањето од страна на очевидец, сведок, повлекува одговорност согласно позитивните законски прописи. Значи, ако едно лице е сведок, се случува пред него чин на семејно насилство, одговорен е тоа да го пријави и тука нема ништо спорно, вели Спасов во изјава за МИА.

Појаснува дека и претходно, со Законот за семејство се утврдуваше обврската на граѓаните за пријавување сознанија на семејно насилство и предвидуваше прекршочна казна од 500 до 1.000 евра за граѓанин кој нема да ја исполни оваа граѓанска должност.

– Би сакал едноставно да појаснам дека никогаш не се казнувале соседи и ниту ќе се казнуваат како што неточно се презентираше и шпекулираше. Тоа е едно крајно поедноставување на законските одредби и е неточно, вели Спасов во одговорот на прашањето на МИА дали се точни информациите во однос на новиот Закон за превенција, спречување и заштита на семејно насилство, особено во делот на пријавување на семејното насилство, во кои се споменуваа најразлични суми казни и тези дека особено на удар ќе бидат соседите кои ќе бидат казнувани ако не пријават семејно насилство.

Сите законски одредби кои се однесуваат на семејното насилство, појаснува, се предвидени со меѓународни акти, како Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, каде е определено државите да ги преземат потребните законодавни или дру

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top