| четврток, 6 декември 2018 |

Погодете каде ќе се отвори првото „Хард Рок Кафе“ во регионов

535015_hard-rock01apfoto-ap_f

Првото „Хард Рок Кафе“ во регионот ќе биде отворено во наредните неколку месеци во Подгорица, во комплексот „Атлас Капитол Центар“.

Лобирањето една од најпознатите угостителски марки да дојде во Подгорица, а не да кажеме во милионскиот Белград, успешно го одработиле сопствениците на „ Капитол Инвестмент“ од Абу Даби, сопственици на  „Атлас Капитол Центар“.

Кафе-ресторанот во Подгорица ќе биде прилагоден на сите високите стандарди на групацијата „Хард Рок“, што подразбира и повисоки цени во однос на останатите слични објекти.

Овие ресторани се препознатливи по автентичниот амбиент, комбинацијата на паб и ресторан со дополнителни продажни содржини во кои посетителите ќе можат да си купат сувенири и реквизити со познатото лого.

Ланецот „Хард Рок Кафе“ во моментов поседува 180 филијали во 55 земји, меѓу кои 40 кафетерии, 19 хотели и девет казина.

Во овие локали можете да најдете оргинални инструменти и музичка опрема од најпознати пеачи и групи во поп и рок музиката.

Првиот „Хард Рок“ е отворен 1971 година во Лондон, кога американците Ајзак Тигрет и Питер Мортон отвориле сопствен ресторан кој го нарекле „Хард Рок Кафе“. Интересно е дека локалот го изнајмиле само на шест месеци, но работата толку добро тргнала што денес се еден од најпрепознатливите марки во туристичко-угостителскиот свет.

226948_podgorica-panorama-wikipedia_f

Во моментов сопственици на ланецот „Хард Рок“ од 2006 година е индијанското племе Семиноле од Флорида, кое за 965 милиони долари ја превземало компанијата, вклучувајќи ја и огромната колекција предмети по кои е позната оваа марка.

Племето Семиноле има околу 12.000 членови и тие се посебни по тоа што се единственото американско племе кое никогаш не потпишало мировен договор со САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top