Алесандра Амброзио ја покажа колекцијата костими за капење за лето 2015 година.
Топ моделот Алесандра Амброзио ја прошири својата модна марка со колекција костими за капење. Бразилската убавица помогнала во дизајнот на 75 различни модели цели костими и во два дела, а сите тие се инспирирани од тоа како “бразилскиот боемски стил, се среќава со елеганцијата на Малибу”.
-Јас сум од Бразил и поминував многу време на плажа. Некако природно е во мојата марка да има и колекција на костими за капење. Бразилците се многу либерални кога станува збор за изборот на костим за капење. Во мојата колекција има костими со бразилски и американски модели, изјавила Алесандра.
– Многу е важно да ти е удобно кога носиш костим за капење, ете затоа дизајнирав многу различни форми, со многу удобни ткаенини, додава таа.
Убавицата поделила и неколку модни совети при изборот на костим за капење.
– Важно е да се најде модел кој одговара на обликот на телото. Постојат меѓутоа неколку модели во мојата колекција, кои се погодни за сите форми, рекла Алесандра Амброзио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.