На 28 ноември во „Борис Трајковски“, најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински ќе го одржи својот прв солистички концерт во Скопје. Досега Цетински гостувал само на концертот на Тоше Проески и вели дека „за него е посебно чувството да дојде во Македонија, бидејќи толку убави сеќавања ме врзуваат за оваа земја.“

Концертот е во организација на План Б продукција, а како специјален гостин го најави Жељко Јоксимовиќ со кого неодамна сними нова песна, која како што рече веднаш станала хит на „Јутјуб“.
-Во хрватска сеуште не се многу воодушевени кога станува збор за соработка на српски и хрватски пејачи, но публиката регираше прекрасно и песната беше повеќе од милион пати слушната на „Јутјуб“. Потоа веќе нема назад. И медиумите го прифатија тоа на мое големо задоволство, рече Цетински на денешната средба со новинарите во Скопје на која го најави својот голем концерт на крајот на ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип


