Јелена Карлеуша ја шокираше својата публика на еден настап кога повикала на бина едвај полнолетно момче и со него симулирала секс.
Таа на момчето му ја искинала маицата, му удирала шамари, а потоа му ги соблекла панталоните за да подоцна го камшикува пред очите на публиката.
Имено, таа прашала дали има доброволци кој би и’ се придружил на сцената, а откако неколку момчиња кренале рака, таа го избрала најмладиот член во клубот. Таа му нагласила на момчето, дека што и да му направи мора да стои мирно и да не се помрднува.
Почнало со допири, и во еден момент таа почнува да го трие нејзиниот задник од него, додека тој ја бакнува во врат.
Најголем шок за гостите на клубот, но и за момчето, било кога Карлеуша му удрила шамар, и тоа дури двапати. Но, ова не било најголемото понижување за момчето, таа потоа му ги соблекла и панталоните и го оставила во боксерки, а потоа со ремен го камшикувала по газ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


