| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Филип Иванов во Уганда гради сиропиталиште за деца

За време на моите студии, се запознав со доста луѓе од Африка. Од нив слушав и разбрав за состојбата таму - за милиони деца кои останале сирици поради СИДА, војни, глад и други болести. Не е за верување, но така е, таму децата сѐ уште се жртвуваат во ритуални обреди! - вели Иванов, кој во 2012 година самоиницијативно првпат отишол во Уганда, со скромни доброволни прилози собрани од македонските цркви

uganda6

Повеќе луѓе умираат од глад отколку од ебола, но гладта не се смета за сериозен проблем, зошто богатите не можат да умрат од тоа, вели Филип Иванов (25), Македонец од Велес кој во последните три години патува по Африка и помага да да се изградат сиропиталишта за децата, носи храна, обезбедува облека и обувки за децата во оваа африканска земја.

uganda

Тој за „Република“ ја раскажува приказната како стасал во Африка, меѓу децата кои првпат виделе белец во своето село, кога тој пристигнал во едно африканско село.

uganda1

– Во изминативе три години, по дипломирањето теологија во Англија, патувам служејќи на пет различни континенти, од земји како САД, Бразил, Италија, Малта, па се до Уганда, Руанда, Конго, Индија, Филипини. За време на моите студии, се запознав со доста луѓе од Африка. Од нив слушав и разбрав за состојбата таму – за милиони деца кои останале сирици поради СИДА, војни, глад и други болести. Не е за верување, но така е, таму децата сѐ уште се жртвуваат во ритуални обреди! – вели Иванов, кој во 2012 година самоиницијативно првпат отишол во Уганда, со скромни доброволни прилози собрани од македонските цркви.

ugranda10
Тој последен пат бил во Африка летово, во јули, кога ги посетил ДР Конго, Руанда и Уганда.

– Со донациите кои ги собравме за Уганда, купивме храна за шест месеци за 35 сирачиња, сетови книги за училиштетот каде што учат, и по пар чевли за сите деца. Згора на тоа, поставивме врати и прозорци за школо со 45 деца во ’џунглата’. Јас бев првиот белец кој тие го виделе! Купивме вреќи цемент за да имаат вистински под, наместо кал и прашина. Со тоа го решивме проблемот со песочните крлежи и респираторните потешкотии. Без да знам, заради претходните донации и соработка, на сиропиталиштето и училиштата во двете места им го дале името Македонско-афричка божествена организација – раскажува Иванов за „Република“.

uganda11

Иванов, кој кога е во Македонија служи како говорник и теолог во Евангелската црква, во моментов работи 
на проект за изградба на сиропиталиште за 50-60 деца и училиште за повеќе од 100 деца во место наречено Кагома, во Уганда.

uganda8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top