Заборавете на гламурозната облека, елегантните чевли со високи потпетици и секси позите во костим за капење. За да станете Мис Уганда 2014 треба да умеете да … молзете крави и да пасете овци.
Кандидатката Леа Калангука, има 23 години, и се наметнала над останатите 19 финалистки на натпреварот за убавина, бидејќи умее да се грижи за домашни животни и се разбира од печурки – голем плус пред кандидатките, од кои повеќето беа од главниот град Кампала и немаат поим од животот во селата таму.
Овогодинешниот конкурс бил посветена на промовирање на земјоделството, што според новоизбраната Мис Уганда нуди многу можности за работа и претставува основа на економијата на земјата.
Таа е студентка по информатика во Кампала и заедно со круната доби и автомобил како награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017
-
Даниела не се кае што заминала во Швајцарија: Тука имам работа од која кај нас сите бегаат