Неколку фудбалери во Уганда загинаа откако потонал бродот со кој се превезувале. Фудбалерите на клубот Кевеибанде и нивните навивачи патувале преку езерото Алберт, кога бродот од претовареност почнал да тоне.
– Преживеаја само тие што знаеле да пливаат, немаме официјална верзија за тоа што се случувало – рекол полицискиот началник.
На бродот немало доволно појаси за спасување, па од вкупно 45 патници, само 15 ја преживеале несреќата, девет луѓе се удавиле, а по другите трагаат спасувачките екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.