| четврток, 6 декември 2018 |

Руски пратеник бара поништување на првиот геј брак во Русија

Рускиот пратеник Виталиј Милонов побара денеска поништување на бракот склучен во Санкт Петербург меѓу две жени, од кои едната е поранешен маж.

Милонов кој е остар противник на давањето права на хомосексуалците во Русија, изјави дека венчавката, извршена изминатиот викенд, претставува „навреда за руските семејства“.

Геј браковите се забранети во Русија, но оваа двојка можела да се регистрира и да ја извршти церемонијата на венчавањето, затоа што според нивните пасоши, едната од нив формално се уште е машко.

Венчаната двојка е Ирина Шумилова и Алиона Фурсова. Тие пред матичната служба во Сенкт Петерсбург пристигнале и двете облечени во бели невестински фустани.

Ирина се уште е изложена на хормонална терапија, за да целосно се оформи како жена. Засега не е јасно дали венчавањето од саботата е првиот случај на „геј свадба“ во Русија. Дел од медиумите кои се на страните на ЛГБТ заедница, оценуваат дека тоа навистина се случило, но дека геј венчавката е извршена само благодарение на празнините во законот за брак, а не како резултат на промената на позицијата по ова прашање.

Според контроверзниот закон од 2013 година, забрането е пропагирање на хомосексуалноста меѓу деца и малолетници, но во него нема ништо што би навестувало дека надвор од законот е ставена и самата хомосексуалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top