| четврток, 6 декември 2018 |

До сега седум барања до Иванов за поништување на помилувањето

gjorgje-ivanov-2

До сега лични барања во писмена форма за поништување на одлуката за помилување до Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов пристигнале од Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Трајко Вељановски, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Лиле Стефанова, посочуваат од кабинетот на на македонскиот претседател.

„До Кабинетот на претседателот на Република Македонија до овој момент, лични барања во писмена форма за поништување на одлуката пристигнаа од Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Трајко Вељановски, Фатиме Фетаи,  Гаврил Бубевски и Лиле Стефанова. Кабинетот на Претседателот остава временска можност и за други лица да поднесат лични барања за поништување на одлуката на македонскиот претседател“, велат во неговиот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top