| четврток, 6 декември 2018 |

Побарано поништување на парламентарните избори во Хрватска

darko-petricic

Граѓанското здружение „Коректив“ и 18 хрватски политички партии денеска побараа поништување на неделните предвремени парламентарни избори во Хрватска и оставка на претседателот на Државната изборна комисија (ДИП), Бранко Хорватин. Претставникот на „Коректив“, Дарко Петричиќ на прес­конференција во Загреб изјави дека ваквите барања на здружението и на партиите ќе бидат доставени до ДИП, до Етичкиот комитет и до меѓународните институции.

Петричиќ обвини дека на набљудувачите на „Коректив“ не им бил дозволен пристап во Изборната комисија, како и увид во Избирачкиот список и резултатите од изборите. Тој истакна дека „Коректив“ и партиите бараат оставка од престедателот на ДИП поради манипулирање со медиумите и јавноста и пореди оневозможување на цивилен надзор на изборниот процес.

Според Петричиќ, Хорватин и Комисијата придонеле за одржување на нетранспарентни избори и оневозможеле мониторинг на набљудувачите на граѓанските здружение на изборниот процес и на обработката на гласачките материјали. Петричиќ ја обвини и државната Хрватска радиоттелевизија (ХРТ) дека не обезбедила рамноправно претставување на учесниците на изборите, туку само ги фаворизирала поголемите политички партии и коалиции.

– ХРТ не беше етична и правична во рамноправното претставување на сите кандидати на парламентарните избори – изјави Петричиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top