
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи изутрината во 6:55 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во атарот на селото Конопница.
СВР Куманово информира дека несреќата се случила кога на автобус со скопски регистарски таблички управуван од 52-годишниот Љ.Ј. од кривопаланечкото село Конопница, што се движел во насока кон Куманово, му се отворил капакот од багажниот простор и го удрил пешакот Милан.С, кој се движел покрај патот.
Од здобиените тешки телесни повреди, 76-годишниот Милан С. починал на самото место, констатирале лекарите од Медицинскиот центар во Куманово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


