| четврток, 6 декември 2018 |

Крамер против своите, елегантен автогол на германскиот репрезентативец (видео)

Криштоф Крамер го одлучи дербито на двете Борусии, а репрезентативецот на Германија и член на Борусија Менхегладбах со елегантен авотогол му донесе победа на големиот ривал од Дортмунд.

Крамер против своите со неверојатен потег враќајќи ја топката кон голманот си ја затресе сопствената мрежа.

Овој фудбалер го паметиме по големиот пех во финалето на СП летоска во Бразил, кога мораше да ја напушти играта поради потрес на мозокот. Подоцна Крамер изјави дека не се сеќава дека воопшто играл во финалниот меч против Аргентина, што Германија го доби со 1-0 и ја освои светската круна. Овојпат сигурно ќе го памети неверојатниот автогол со кој за негова жал и донесе победа на Борусија Дортмунд од 1-0 во дербито против Борусија Менхегладбах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top