| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Убиецот од Кавадарци не е уапсен

Убиецот од Кавадарци не е уапсен односно се уште е во бегство, а не е ниту вработен во МВР, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Четириесет годишниот кавадaрчанец Тони Станоев е човекот што вчера попладне изврши тројно убиство. Во семејната куќа во центарот на Кавадарци со пиштол ги застрела сестрата на неговата сопруга, триесет и тригодишната Снежана, нејзината мајка Билјана (56) и нејзиниот татко Илија (61).

Тони бил поранешен зет на убиените. Во петокот го завршил бракот со ќерката и сестра на убиените, 35 годишната Данче, која работи како дактилограф во кавадаречкиот суд.

 Полицијата се уште трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top