
Ова е убиецот кој вчера попладе во Кавадарци ги уби родителите и сестрата на својата бивша жена. Инаку трикратниот убиец стрелал право кон срцето на сега веќе починатите.
Дека сите тројца имале влезно излезни рани во близина на срцата за „Дневник” потврдува доктор Антоан Паракеов, началник на кавадаречката итна медицинска помош.
-Службата за брза помош била повикана од близок на семејството на кое му се случи трагедија. Лекарите на нашата служба на лице место во семејниот дом констатирале смрт на родителите. Имале по еден истрел, прострелни рани во пределот на градниот кош. Со знаци за живот била пронајдена нивната ќерка родена 1989 година, исто така со прострелна рана во пределот на градите. Со итна помош и соодветно пружање на помош веднаш била транспортирана до кавадаречката општа болница на хируршкото одделение каде исто така и била укажувана помош. Но и таа за жал им подлегнала на повредите во болницата – рекол Паракеов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци


