| четврток, 6 декември 2018 |

На симболичен референдум 80 отсто Каталонци гласаа за независност

На вчерашниот симболичен референдум за независност на шпанската автономна област Каталонија гласале 80,7 проценти од граѓаните.

– Резултатите од референдумот се објавени по преброени 88,4 отсто од гласачките ливчиња. Тоа значи дека 1.649.239 луѓе гласале со „да“ и на двете прашања: Дали сакате Каталонија да биде држава? и „Ако да, дали сакате да биде независна од Шпанија?, изјави заменик-претседателот на каталонската Влада, Жоана Ортега.
На референдумот учествувале најмалку 2,25 милиони граѓани, додека противниците објавија дека ќе го бојкотираат гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top