| четврток, 6 декември 2018 |

Убиените од Кавадарци подолго време се жалеле на закани од поранешниот зет

pukanje
Четериесет годишниот кавадaрчанец Тони Станоев е човекот што вчера попладне изврши тројно убиство. Во семејната куќа во центарот на Кавадарци со пиштол ги застрела сестрата на неговата сопруга, триесет и тригодишната Снежана, нејзината мајка Билјана (56) и нејзиниот татко Илија (61).

Тони бил поранешен зет на убиените. Во петокот завршил бракот со ќерката и сестра на убиените, 35 годишната Данче, која работи како дактилограф во кавадаречкиот суд.

Трагедијата која ги потресе кавадарчани се случила денеска околу 16 часот. Според Дума.мк откако седел со пријатели во блиското кафуле, на главната улица во градот, Тони во еден момент станал и си заминал. На никого не кажал каде оди. Потоа бил виден како мине низ градскиот пазар. Најверојатно тогаш влегол во куќата на родителите на Данче. Ги убил додека таа била на работа.

Случајот во полиција го пријавила Данче, а тргедијата за кратко време се прошири низ Кавадарци.

Во домот на Леови сѐ уште има луѓе. Лелеци се слушаат од сите страни. Сестрата на Илија изјавила дека нејзиниот брат пријавувал семејно насилство и никој не му помогнал.

Другарите на Илија изјавиле дека тој бил чесен и работлив човек. Работел графика, сито печат… На пријателите им кажувал дека е на голема мака, трпи закани од зет му.

По убиството Тони Станоев избегал. Полицијата го барала во неговиот дом и трага по него низ градот. Тој порано бил бранител и имал пиштол со дозвола. Сега работел во ХЕЦ Кавадарци. Во бракот со Данче имале две малолетни деца и многу често ги малтретирал и нив.

Илија или меѓу своите сограѓани познат како Били, работеше графички дизајн, а неговата сопругаБилјана и ќерка Данче се вработени во кавадаречкиот суд. Убиената Снежана била мажена пред два месеци. И во моментот на убиството била случајна гостинка во куќата на нејзините родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top