| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Програмата на Петров не постои

vmro-dpmne-sdsm
Програмата за која зборува господинот Андреј Петров не постои, осега никој не ја видел, ниту е испечатена, ниту е објавена некаде, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ.
-Андреј Петров измислува проекти кои никаде не се напишани, немаат рок за реализација, ниту знае колку тие чинат. Андреј Петров треба да знае дека програма не се прави за три дена и не се прави во партиски штаб. Наместо да ја спасува кариерата на неговиот лидер Црвенковски и да не убедува дека локалните избори се незначајни, тој требаше да ги праша граѓаните што им е потребно. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија којашто, како во општина Карпош така и во останатите општини ширум Македонија, излезе со свои конкретни и достапни за граѓаните програми, кои ги содржат сите проекти и идеи со конкретни рокови за реализација- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top