| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Розберг ја направи оваа сезона во Формула 1 најинтересна во последните неколку години

Возачот на Мерцедес во Формула 1 шампионатот Германецот Нико Розберг победи на претпоследната трка возена на „Интерлагос“ за големата награда на Бразил. Розберг од првиот до последниот круг го сочува првото место кое го имаше освоено во квалфиикациите за пол-позицијата. Иако Луис Хамилтон кој заврши втор на оваа трка во еден момент за кратко излета од патеката се врати и го задржа второто место. Трет беше пилотот на Вилијамс Бразилецот Фелипе Маса кој доби големи овации од домашната публика е херој на денот.
Во генералниот пласман предноста на Луис Хамилотн е намалена на 17 бодови пред денешниот победник Розберг. Победникот во генералниот пласман ќе се одредува на последната трка во Абу Даби на која победникот ќе добие 50 бода.
За да ја освои титулата на Хамилтон ќе му биде потребно второто место ако во случај победи Розберг.

Резултати: Розберг (Мерцедес), Хамилтон (Мерцедес), Маса (Вилијамс), Батон (Мекларен), Фетел (Ред Бул), Алонсо (Ферари), Раиконен (Ферари), Хулкенберг (Индија Форс), Магнусен (Мекларен), Ботас (Вилијамс)

Генерален пласман: Возачи: Хамилтон 334, Розберг 317, Рикардо 214, Фетел 159.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top