Секојдневно сите денот го започнуваат со шолја кафе за расонување, но покрај тоа кафето, помага во исфрлувањето на водата од организмот, па е некој вид на лаксатив, бидејќи ја поттикнува „столицата“.
Иако приличен број на истражувања се обиделе да го објаснат ефектот на една шолја кафе на нашите црева, научниците допрва треба да утврдат што е тоа во врска со овој пијалак што не тера во тоалет.
Истражувањето објавено во 1990-та година, утврдило дека кафето го стимулира „гастроколонскиот одоговор“ кај некои индивидуи само неколку минути откако ќе цркнат од овој напиток.
Иако научниците не можат да тврдат за што се работи, хипотезата е дека кафето некако влијае на епителното ткиво во стомакот и тенкото црево.
Кафето ослободува гастрин, хормон кој се произведува во внатрешноста на стомакот и кој ја убрзува активноста на дебелото црево. Со оглед на тоа дека оваа област е најблиска со ректумот, истражувачите заклучиле дека зголемената активност би можела да биде одговорна за ефектот на лаксатив.
И додека едни експерти веруваат дека токму кофеинот во кафето ја зголемува активноста во дебелото црево, споменатата студија потврдила дека луѓето кои пијат кафе без кофеин исто така го имаат тој ефект.
Значи, има нешто во кафето, а не само во кофеинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.