| четврток, 6 декември 2018 |

Трета победа за Борусија Дортмунд

Borusija

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја остварија третата победа во Бундес лигата откако на последниот натпревар од 11.коло вечерва славеа со 1:0 над Борусија Менхенгладбах.

Со ова воедно ја прекинаа и серијата од шест порази по ред.

Единствениот гол на натпреварот беше всушност автогол на Кристоф Крамер во 58.минута, а за Борусија Менхенгладбах е прв пораз во шампионатот.

На вториот натпревар одигран денеска Волфсбург – Хамбургер 2:0.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Вердер – Штутгарт 2:0,
Аугсбург – Падерборн 3:0,
Ајнтрахт – Баерн 0:4,
Фрајбург – Шалке 2:0,
Хофенхајм – Келн 3:4,
Баер – Мајнц 0:0
Херта – Хановер 0:2.

Табела:
Баерн 27 бодови,
Волфсбург 23,
Борусија 20,
Хановер 19,
Хофенхајм 17,
Баер Леверкузен 17,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top