Прогонуваниот од најбогатите, Пјер Емерик Обамејанг, може и да ја напушти Борусија (Дортмунд), но за доста солидна сума. Според „Спортбилд“ раководството на жолто-црните е подготвено да се раздели со голгетерот за 60 милиони евра. Од почетокот на сезоната репрезентативецот на Габон е безмилосен кон ривалите со 22 гола, во 20 натпревари, во сите натпреварувања.
Најсериозен интерес за него покажува Барселона, но и Арсенал и ПСЖ исто така се во играта.
Пред неколку месеци Обамејанг потпиша нов договор со Борусија Дортмунд до 2020 година, што дополнително ја зголеми цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.