| четврток, 6 декември 2018 |

Африка со кризен фонд ќе се бори против еболата

ебола

Африканската унија, Африканската банка за развој и регионални бизнис лидери основаа кризен фонд за помош на подрачја погодени од епидемијата на ебола.

На состанок одржан вчера во Адис Абеба, бизнис лидери од Африка понудија повеќе од 28 милиони долари за да се унапреди одговорот за епидемијата.

– Иако глобалниот одоговор е засилен во изминатите недели, и понатаму постои критична потреба за дополнителни стручност за грижа за инфицираните, јакнење на локалните здравствени системи и спречување на ширењето на болеста – се вели во денешно соопштение од АУ.

На состанокот присуствувале лидери од областа на банкарството, телекомуникациите, рударството, енергетиката…

Покрај Фондот, компаниите ветија и „логистичка поддршка“ како и донации. Средствата ќе бидат искористени за „поддршка на африкански медицински работници кои ќе се грижат за инфицираните со ебола, јакнење на капацитетите на локалните здравствени услуги и опремување на центри за лекување ебола во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top