| четврток, 6 декември 2018 |

Статистика: Лани поевтин станбен квадрат

купи куќа, купи станПросечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2012 година изнесува 49.941 денари, што е за 0,4 проценти помалку во однос на 2011 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на еден квадратен метар изнесува 58.687 денари или за 0,5 проценти помалку во споредба со 2011 година, а  во останатите населени места во земјава изнесува 43.328 денари, што е за 4,9 проценти повеќе во споредба со 2011 година.

Просечната цена на еден квадратен метар во втората половина во однос на првата половина од 2012 година е намалена за 5,4 проценти, а во Скопје намалувањето е за 5,8 проценти. Наведените просечни цени на  квдаратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top