| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески во Гевгелија ќе пушти два проекти

gevglijaДенеска во употреба ќе биде пуштен патниот правец Негорци –Сременин, Општина Гевгелија. Овој пат е еден од двата одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за Гевгелија, од делот за развој на јавната инфраструктура. За доградба на овој пат лани беа доделени 18,9 милиони денари. Владата пак преку Европската банка за инвестиции обезбеди околу 20 милиони денари за изградба на 4,5 километри, а општина Гевгелија обезбеди дополнителни 7,4 милиони денари за уште еден километар од патот.

Патот ќе го пушти во употреба министерот Миле Јанакиески, кој пак за време на посетата на општина Гевгелија ќе го пушти во употреба и канализацискиот систем во населеното место Мрзенци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top