| четврток, 6 декември 2018 |

Санино информиран за планот на Црвенковски за излез од кризата

Враќање на изгубениот легитимитет на институциите, преку слободни и фер предвремни парламентарни избори е планот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, што денеска им го изнел и на генералниот директор на Генералниот Директорат за проширување на Европската комисија, Стефан Санино и шефот на Одделот за Македонија во Директоратот за проширување на Европската комисија, Дејвид Кален

15012013124714_sanino crvenkovskiНа средбата, делегацијата била запознаена со ставовите на опозицијата во врска со случувањата на 24 декември. Црвенковски ги информирал вискоките европски преставници за, според него, прекршувањето на Уставот и Законите, како и непостапувањето на власта согласно собранискиот Деловник и процедурите, со што, според лидерот на СДСМ, парламентарната демократија во земјата е практично суспендирана, а Собранието повеќе не е место за нормален политички дијалог.

„Со високата делегација на Европската Комисија беше разговарано за насилното исфрлување на новинарите и опозициските пратеници од законодавниот дом, што како брутален чин неповратно и го одзема легитимитетот на власта и на институциите кои притоа беа злоупотребени. Санино беше запознаен дека е нереално да се очекува во ваква ситуација, опозицијата, која беше брутално исфрлена да се врати во Собранието, кое во овој состав нема никаков легитимитет“, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ по средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top