| четврток, 6 декември 2018 |

Со единствениот гол на Мата Манчестер Јунајтед славеше на Олд Трафорд (видео)

huan mata

Екипата на Манчестер Јунајтед минимално но заслужено славеше победа со 1-0 над Кристал Палас. Најзаслужен за победата на „црвените ѓаволи“ беше шпанскиот интернационалец Хуан Мата со гол во 67 минута. Со оваа победа Јунајтед се искачи на шестото место на табелата со заостанување од 13 бода зад лидерот Челси, но само три од место кое води во Лигата на шампионите следната година.

Тимот кој немаше играчи во подготвителниот период во август, Саутемптон продолжува со супериорните игри. Денеска жртва на тимот на менаџерот Куман беше Лестер кој загуби со 2-0. Двата гола за домаќинот ги постигна Лонг кој стрелаше во 75 и 80 минута.

Останати резултати 11 коло Премиер лига: Ливерпул – Челси 1-2, Барнли – Хал 1-0 , ВБА – Астон Вила 0-р

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top