| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинат штрајкот на германските железничари

strajk-na-masinovazaci

Неколкудневниот штрајк на вработните во германската железница „Дојче бан“ беше прекинат доцна попладнево.

Претставник на синдикатот на железничарите ГДЛ, соопшти дека штрајкувачите се вратиле на своите работни места во 18 часот.

Ова беше шестиот штрајк што го организраа германските железничари поради спорот со раководството на „Дојче бан“ околу висината на платите и продложувањето на работната недела.

Штрајкот според најавите требаше да трае до понеделник претпадне, но синдикатот реши тој да биде прекинат порано.

За време на овој штрајк, патничкиот железнички сообраќај во Германија беше во прекин 64, а товарниот 72 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top