| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДМПНЕ: СДСМ ја кодоши и оцрнува Македонија

vmro

„СДСМ продолжуваат да ја оцрнуваат Македонија каде што ќе стигнат и да го девалвираат напредокот кој е постигнат во нашата земја. Радмила Шекеринска тргнала по девизата колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ. Покрај тоа што внатре во државата таа и нејзината партија спроведуваат политики што нанесуваат штета, сега дури и се обидуваат со вакви и слични кодошења да им помагаат на оние кои и го попречуваат европскиот пат на Македонија“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на владејачката партија уште пишува дека „Шекеринска наместо да ја кодоши сопствената држава требаше да ја искористи својата посета на Франција да ги застапува интересите на Македонија и својот народ. Радмила Шекеринска можеше да  побара  почитување на пресудата на Хаг во корист на Македонија, можеше да побара да се вреднува напредокот на Македонија, можеше да побара отпочнување на преговори со ЕУ бидејќи Македонија добива 6 препораки по ред од ЕК“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Радмила Шекеринска можеше барем на средбата со француските социјалисти да објасни како е возможно во една толку кодошена  Македонија да може да се живее елитистички живот на висока нога, да се стекне движен и недвижен имот кој вреди цело богатство, да се ужива во скапи забави и балови, да се купува скапа гардероба, луксузни чевли и чанти, да се наплаќа кирија од 5 317 евра за станот во кој живее, да се вози во скапи џипови и да се биде опозиционер како неа. Радмила Шекеринска и Зоран Заев треба да престанат да ги бараат виновниците за хаосот во СДСМ во сите други. Тоа што не знаат да ја водат партијата, не смее да е причина да ги држат во заложништво напредокот и иднината на граѓаните во Македонија, само заради нивните лични кариери и теснопартиски интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top