| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарин ја „создаде“ божјата рака на Марадона (видео)

maradona

Би го поништил голот на Диего Марадона познат како „божјата рака“ – вели фудбалскиот судија Али Бенасиор од Тунис. Евоцирајќи спомени од мечот, главниот судија вели дека чекал реакција од помошникот Богдан Дотчев.

– Немам вина, проверете го видеото. Јас одам наназад кон центарот и постојано гледам во асистентот Дотчев. Чекав негов сигнал бидејќи се двоумев. Доколку мечот се играше во Тунис, самиот ќе го поништев голот. Но пред светскиот куп, имаше наредба од ФИФА, доколку некој од колегите е во подобра позиција, оставете ја одлуката на него. Три години по мечот Дотчев ми пишуваше писма тврдејќи дека ги видел само рацете на англискиот голман Шитлтон, потоа го загубивме контактот. Мојата оцена за судењето на тој меч е 9,4 и покажува што ФИФА мисли за мојата работа – вели Бенасиор.

Тој исто така укажува дека вториот гол на Марадона во мечот со Англија, кога издрибла осум фудбалери за да го совлада Шилтон, се случил со негова „асистенција“.

– Три пати дозволив играта да продолжи, на првиот прекршок Марадона се тетеравеше но продолжи, вториот беше на работ од шеснаесетникот, но јас викнав „Играј!“ бидејќи топката сѐ уште беше кај него. Конечно, Тери Бачер се обиде да го собори, но Марадона го избегна. Тешко беше да се следи Диего како играч, беше брз и многу напаѓан, но тој ден беше како сенка,- завршува Бенасиор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top