| четврток, 6 декември 2018 |

Развиен лек кој ги убива и најсмртоносните бактерии за неколку секунди!

Научниците успеале да развијат лек кој е алтернатива на антибиотиците, и како што досега се покажало е доста успешен- ги уништува бактериите брзо и ефикасно.

Лекот наречен Степхефект веќе е достапен во Холандија и Германија, но само како крема за воспалените делови на кожата. Но, во наредните пет години научниците се надеваат дека ќе успеат да направат лек во облик на таблети за лечење на тешки инфекции.

Се работи за многу важно достигнување во медицината, со оглед на фактот што многу бактерии, поради зголеменото користење на антибиотици, стануваат отпорни, а со тоа лековите ја губат делотворноста.

Марк Оферхаус, директор на холандската фирма „Микреос“ вели дека бактериите тешко ќе развијат отпорност на овој лек.

На годишно ниво умираат по 5.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top