| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е можно: Тропски ураган среде Медитеранот!

Ретко кој чул дека над Медитеранот се формираат тропски урагани, но тоа до некаде е факт. Ако се изземе географската широчина, тогаш на Медитеранот според карактеристиките на циклонската формација (притисок во центарот на циклонот, брзина на ветерот), по сé се совпаѓа со карактеристиките на тропски циклон, па дури и ураган од прва категорија. Овие формации налик урагани во Медитеранот се наречени МЕДИКАН, пишува порталот Метеопро.

lamp-sat-1

Токму денеска рано попладне во околината на островот Лампедуза, се формираше циклонско поле кое за многу краток временски период се разви во силен налик ураган. Според сателитската снимка, јасно се гледа формираното „око“ на циклонот, а и целата морфологија се поклопува со онаа на тропските циклони.

Lampedusa04-150x150lampedusa-4-150x150

За многу кусо време воздушниот притисок на аеродромот во Лампедуза „падна“ за 8 hPa, а ветерот дуваше со просечна брзина околу 100 km/h, а на удари и до 140 km/h. Многу силен ветер дуваше и на Малта, каде исто како и на Лампедуза се забележани огромни штети.

Овој циклон се очекува вечерва да донесе големи количини на дожд на Сицилија, а потоа да продолжи кон Јонското Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top