| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан изборот на Мис на Македонија, немало доволен интерес

Неофицијално, „Република“ дознава дека изборот на Мис на Македонија кој требаше да се одржи вечерва е откажан поради недоволен интерес.

Според неофицијалните информации, не се продале доволен број на карти за изборот кој требаше да биде во вид на
хуманитарен бал.

Парите од влезницата, која беше предвидено да чини 100 евра, ќе се донираа за спас на болно дете со малигно заболување на панкреас, а дел од парите ќе одат и за претставувањето на победничката на мис на светот во Лондон, кој ќе се одржи на 14 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top