Чудно би било да нема нешто чудно околу претставувањето на Македонија на светскиот избор за мис. И годинава, уште една наша претставничка во сосема несоодветни услови е пратена на другиот крај на светот.
Малкумина знаат низ што сѐ помина и поминува Емилија Розман за време на нејзиниот престој во Кина.
Розман за „Телеграф“ ја раскажува својата голгота.
– Нервозите започнаа уште во Скопје. Како да се понесат 15 официјални фустани, плус гардероба, шминки, накит, чевли и сѐ друго што е потребно за еден ваков светски настап, кога дозволен багаж е 23 кг и 8 кг прирачен. Пари за дополнителен багаж нема, како што немаше за осигурување, кинеска виза, секојдневно трчање од еден крај на друг крај на градот, третмани, сѐ што морав да покријам сама. На еден ден пред заминувањето сѐ уште немав карта. Во авионот за Истанбул дознав дека картата од Истанбул до Санија, Кина, не ми е платена – вели Розман.
Прочитајте го целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.