| четврток, 6 декември 2018 |

Коментаторите во САД си го скршија јазикот на Папаниколау (видео)

Вистински хит се двајцата коментатори на НБА-натпреварите што ги игра Хјустон рокитс, а главен проблем им е изговорот на презимето на грчкиот репрезентативец Костас Папаниколау. Тој е прва сезона во НБА-лигата и е член на Рокитс, а им задава најмногу проблеми на дуото што ги коментира мечевите на овој состав.

Папанакалау, Папа…., Папанакала и Папаниколу игра импресивно како дебитант во НБА лигата, најчесто извикуваа коментаторите и ниту еднаш не го погодија вистинското презиме.

На крајот заклучија дека тоа и не е голем проблем, Костас самиот знае како се презива, а видеото со нивните обиди и кршење јазик се вистински хит, особено меѓу вљубениците во НБА-кошарката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top