Продолжуваат преписките во Металург – се јавија играчите, се јави клубот, сопственикот Минчо Јорданов, следуваа суспензии, обраќање на ракометарите…
-Ние, професионално вработени ракометари на РК Металург, пред сѐ, изразуваме жалење што по нашата јавна реакција, сопственикот, г. Јорданов реши да „разговара“ со нас преку телевизија. Остро ги отфрламе неговите тврдења дека не сме се согласувале на разговори и не сме барале средби за проблемите што ги чувствуваме – напротив, г. Јорданов е тој што не мислеше дека е потребно да нѐ сослуша и да ги процени нашите аргументи и покрај нашите обиди за средба меѓу нас како играчи и тој како сопственик на клубот – стои во реакцијата на играчите.
Тие велат дека не заслужиле ваков однос, особено што своите обврски најпрофесионално си ги исполнувале, иако оваа сезона немале примено никаков надомест за тоа.
-Ѝ благодариме на Ракометната федерација што изрази загриженост за состојбите во клубот и за тоа како ќе одразат врз играта на Македонската репрезентација и воедно ја споделуваме таа грижа. Ги демантираме ставовите дека станува збор за „двајца-тројца“ бидејќи станува збор за реакција на сите професионални играчи со огромно домашно и меѓународно искуство, како и за долгогодишни репрезентативци на селекцијата на Р.Македонија. Сѐ уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, за да се надминат проблемите – пишува во соопштението на ракометарите на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.