Грчкиот портал „ Грик репортер“ во еден текст пишува за проблемот за името и поврзаноста на гробницата Амфиполис со македонско-грчкиот спор.
Во текстот се тврди дека ЕУ и НАТО вршат силен притисок врз Грија со тоа што не ѝ дозволуваат да продолжи со ископувањата бидејќи тоа што би се откопало во Амфиполис би бил еден силен аргумент за Атина во преговорите за името и би се докажало дека Македонија им припаѓа на Грците. Според порталот, грчките археолози се сигурни оти во оваа гробница е погребан или Александар Велики или некој угледен член од неговото семејство.
Како минува времето мистеријата на гробницата во Амфиполис останува нерешена, а во меѓувреме се појавуваат нови прашања и теории на заговор. Прашањето „кој е погребан таму?“, сега стана „зошто сега, а не порано?“, се врти во главите на многумина, додека јавноста постојано се бомбардира со секакви теории и лични ставови, пишува „Грик Репортер“.
Тие тврдат дека тоа што Македонците си ја сметаат Македонија за свој дом, а Александар Велики нивни предок, се последните очајни напори и се совпаѓаат со нивните обиди да ја победат Грција, во спорот со името.
– Да замислиме што би се случило тогаш, ако резидентот на гробницата во Амфиполис е угледен член на семејството на Александар Велики. Заедно со гробницата на Филип II во Вергина, гробницата во Амфиполис би била неоспорив доказ дека Македонија 100 отсто им припаѓа на Грците, а Грција во тој случај би одела на преговори со силен преговарачки аргумент.За жал, нашите ЕУ и НАТО сојузници отворено го поддржуваат членството на нашиот северен сосед во евро-атлантските институции. Костас Караманлис беше остранет од грчката премиерска позиција наводно поради неговото „не“ на ПЈРМ, поточно со блокадата на Скопје за влез во НАТО во 2008 година. Исто така, германскиот канцелар Ангела Меркел со отворени раце го прифаќа Скопје во прегратките на Европската унија, додека во исто време пристигнуваат информации оти грчкиот амбасадор во Германија во септември, годинава, се повлекол од својата позиција поради ваквиот нејзин став – се вели во текстот.
Грчкиот портал заклучува дека заради ова, воопшто не би било премногу пресилно за некого, да се сомнева дека НАТО и ЕУ вршат силен притисок врз владата на Самарас за одложување на ископувањата во Амфиполис, додека траат преговорите меѓу Атина и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО