Струмичкиот градоначалник Зоран Заев уште на првиот митинг остана без дел од најголемите некогашни поддржувачи, а во друштво на Црвенковски за поддршка на Заев беа само Стојанче Ангелов и Љубчо Георгиевски.
Неделникот „Фокус“ во најновиот број пишува дека Заев му пратил порака на Црвенковски констатирајќи дека во моментот кога Црвенковски и Заев се приклучиле кон толпата, никој, ама баш никојм не го скандирал името на лидерот, туку сите го поздравиле Заев.
– Дека Заев не е наивен играч многу убаво се виде во Струмица. Имено, на првиот митинг опозицијата не ги донесе скопјани и затоа на струмичкиот плоштад под споменикот на Гоце Делчев ги немаше сите оние ликови што ги препознаваме од скопските улици и од кои голем дел се качија на фамозната „лада нива“. Токму поради тоа во моментот кога Црвенковски и Заев се приклучија кон толпата, никој, ама баш никој, не го скандираше името на лидерот, туку сите го поздравија градоначалникот. Опозициското „пучанство“ не се ни возбуди кога девојката од познатите „Вести на отпорот“ драматично го најави човекот кој во Скопје, а и во поголем дел од Македонија, симпатизерите на СДСМ го доживуваат како папа – пишува неделникот „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


