| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициски полн погодок – најавија жешка есен и ја добија

Тик-так, тик-так... Ча­сов­ни­кот не­ми­ло­срд­но от­чу­ку­ва, а опо­зи­ци­ја­та па­нич­но гле­да на се­ко­ја из­ми­на­та се­кун­да. Свес­ни де­ка след­ни­те 10 де­на се пре­суд­ни за нив­на­та ег­зи­стен­ци­ја на по­ли­тич­ка­та сце­на, ра­бо­тат тур­бо на пла­нот за по­са­ку­ва­на­та по­ли­тич­ка ре­ин­кар­на­ци­ја, ко­ја, се­пак, се­га по­ве­ќе ли­чи на ва­де­ње вре­ли ко­сте­ни. Ка­ко и да е, по­крај си­те прог­но­зи и по­греш­ни че­ко­ри, нес­пор­но е де­ка со си­гур­ност по­го­ди­ја не­што. Во сти­лот на ба­ба Ван­ѓа ја пред­ви­доа же­шка­та по­ли­тич­ка есен. Не ба­ди­ја­ла, ли­де­рот се ма­ски­ра во оган и по­сто­ја­но си игра со не­го во пар­ти­ја­та...

Полн по­го­док на опо­зи­ци­ја­та. Ко­неч­но, по дол­ги го­ди­ни ка­та­стро­фал­ни ут­ну­ва­ња и бе­ско­неч­на­та се­ри­ја зи­це­ри, при­стиг­на и ед­на точ­на прог­но­за. По тол­ку греш­ни нај­а­ви, прес­ме­тки и по­стап­ки и ним не им се ве­ру­ва­ше, но јас­но­вид­ци­те од Па­вел Ша­тев кон­ста­ти­раа еден полн по­го­док. Же­шка­та по­ли­тич­ка есен на­ви­сти­на при­стиг­на и нер­воз­но, си­ле­џи­ски за­тро­па, за жал, на нив­на­та вра­та. Имај­ќи ги пред­вид прет­ход­ни­те ки­ксо­ви, ова бе­ше мал, нај­мал мо­жен пре­вид. Не е сит­на ра­бо­та да пред­ви­ди­те же­шка есен, ма­кар што се­га са­ми­те па­ти­те од же­шти­на­та, про­ду­ци­ра­на од сопс­тве­но­то членс­тво и нај­не­о­че­ку­ва­но за вас – од Бри­сел. Е ту­ка ја ут­наа најм­но­гу, осо­бе­но со оче­ку­ва­ње­то и по­са­ку­ва­ње­то на не­га­тив­ни­от из­ве­штај.

 

Остра по­дел­ба – ши­рок фронт или сѐ по ста­ро…

Еруп­ци­ја на не­за­до­волс­тво ја тре­се ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. Кул­ми­на­ци­ја­та на стра­сти­те, спо­ред оче­ку­ва­но­то, до­а­ѓа со крај­ни­от, ко­не­чен рок за од­лу­ка на ли­ко­ви­те од кан­ди­дат­ски­те ли­сти. Из­бо­рот е ед­но­ста­вен – на­ро­ден пра­те­ник или дос­ле­ден пар­ти­ец, а вре­ме­то е не­ми­ло­срд­но кра­тко. Неј­се што од­лу­ка­та за вто­ра­та оп­ци­ја со се­бе но­си и се­ри­оз­на на­гра­да во фор­ма на дол­ги уши и опа­шка…

Се­ри­ја­та ли­дер­ски сред­би ја ини­ци­раа и поч­наа Ти­то Пе­тков­ски и Ан­дреј Жер­нов­ски, свес­ни за безд­на­та над ко­ја ви­си опо­зи­ци­ја­та, но и за ми­ни­мал­но­ста на сопс­тве­ни­от влог. Ши­ро­ки­от фронт прет­по­ста­ву­ва по­ста­ву­ва­ње но­ви ос­но­ви, те­мел кој се ба­зи­ра врз гу­бе­ње­то на „глав­на­та рол­ја“ на ли­де­ри­те на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те во се­гаш­ни­от блок. По­и­на­ков при­стап не­ма да ги прив­ле­че „цр­ни­те ов­ци“ кои не­о­дам­на го на­пу­шти­ја опо­зи­ци­ско­то ста­до, ни­ту, пак, ќе би­де атра­кти­вен за но­ви­те со­јуз­ни­ци кои са­ка­ат да ги при­до­би­јат. Ан­дреј и Ти­то се свес­ни де­ка при по­ја­ву­ва­ње­то на вра­та на „нив­ни­те“ ти­мо­ви, кол­ку и да би­дат, 5 или 5000, во очи­те на гра­ѓа­ни­нот не­ма да мо­жат да соз­да­дат ем­па­ти­ја и чув­ство на со­ли­дар­ност со опо­зи­ци­ски­те идеи, ко­га исти­от тој оби­чен смрт­ник во ли­ца­та на нив­ни­те тим­ски еми­са­ри ќе ги гле­да ли­де­ри­те, те­шко на­фа­ти­ра­ни со мно­гу ми­ли­о­ни евра, тен­де­ри, ки­рии и што ли уште не…

Иа­ко по­мал дел од опо­зи­ци­ја­та ги сфа­ќа се­ри­оз­но­ста на мо­мен­тот и дра­стич­на­та по­тре­ба од ра­ди­кал­на про­ме­на, глав­ни­от проб­лем бе­ше и оста­ну­ва на ед­на, иста адре­са, ко­ја во те­кот на го­ди­ни­те го сме­ни са­мо име­то на ули­ца­та, од Би­ха­ќка во Па­вел Ша­тев. Вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та во окруп­ну­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та на овој на­чин гле­да са­мо окруп­ну­ва­ње на сопс­тве­ни­от проб­лем кој одам­на е оче­би­ен и прет­по­ста­ву­ва нив­но пен­зи­о­ни­ра­ње и за­ми­ну­ва­ње во по­ли­тич­ка исто­ри­ја. Тол­ку по­тре­бен по­тег за здрав пре­по­род и иско­ре­ну­ва­ње на на­та­ло­же­ни­от гни­леж кој со не­ве­ро­јат­на бр­зи­на се разм­но­жу­ва и го за­ра­зу­ва и уни­шту­ва се­кој обид за вне­су­ва­ње здра­ва, но­ва крв и идеи во пар­ти­ја­та. Не ба­ди­ја­ла, ли­де­рот тол­ку мно­гу ги убе­ду­ва сопс­тве­ни­те кан­ди­да­ти во ис­прав­но­ста на че­ко­рот, а иста­та убе­ду­вач­ка ми­си­ја трае ве­ќе це­ли шест ме­се­ци. Проб­ле­мот е што по по­ло­ви­на го­ди­на ла­ги, не­бу­ло­зи и дејс­тву­ва­ње кое се по­и­сто­ве­ту­ва со вре­мен­ска не­по­го­да (не Бран­ко), акти­те на ли­де­рот кан­ди­да­ти­те сѐ по­че­сто ги спо­ре­ду­ва­ат и по­и­сто­ве­ту­ва­ат со мр­мо­ре­цот кој ја ви­тка чо­ко­ла­да­та во сре­бре­на фо­ли­ја. „Не сре­бре­на, тој по­ве­ќе ја са­ка бо­ја­та на зла­то­то“, ќе се по­ше­гу­ва друг кан­ди­дат од стра­на, и тој без ра­бо­та ка­ко и го­лем дел од дру­ги­те ко­ле­ги во ма­ка­та…

 

 

Analiza113-2

Сле­ду­ва при­ти­со­кот на ЕУ

Уште ед­на ра­бо­та ко­ја сил­но ги по­ко­си на­де­жи­те и ар­гу­мен­ти­те на опо­зи­ци­ја­та бе­ше по­зи­тив­ни­от из­ве­штај на ЕК, но и по­ра­ка­та во не­го ко­ја по­ви­ка на вра­ќа­ње во пар­ла­мен­тот. Сле­ду­ва­ше уште ед­на по сред­ба­та на Гру­ев­ски со Фи­ле во Бри­сел, со­др­жа­на во не­го­во­то со­оп­ште­ние. Му се на­до­вр­за и порт­па­ро­лот Пе­тер Ста­но, кој нед­вос­мис­ле­но по­ра­ча: „Мо­ра­ме да ви­ди­ме де­ка Со­бра­ни­е­то е глав­ни­от фо­рум за по­ли­тич­ки­те раз­го­во­ри. За­тоа ве­ли­ме де­ка не е до­бро, ко­ја би­ло по­ли­тич­ка пар­ти­ја да го из­бег­ну­ва Со­бра­ни­е­то. Мно­гу е важ­но за зре­ло­ста на др­жа­ва­та ка­де се во­дат по­ли­тич­ки­те де­ба­ти, во Со­бра­ни­е­то или на ули­ца, или пак на не­кое дру­го ме­сто. Во мо­дер­ни­те де­мо­крат­ски европ­ски др­жа­ви де­ба­ти­те се во­дат во Со­бра­ни­е­то“.

Нај­гр­ди­от мо­мент во це­ла­та при­ка­ска е фа­ктот што еден од раз­о­ча­ра­ни­те „кан­ди­да­ти“ за пра­те­ни­ци ни по­све­до­чи де­ка не­га­ти­вен из­ве­штај на ЕК бил ед­на од глав­ни­те це­ли на бој­ко­тот на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, јав­на тај­на и мо­тив кој раз­о­ча­рал мно­гу­ми­на пар­тиј­ци, а пра­ша­ње на вре­ме е ко­га не­кој ќе со­бе­ре си­ла и јав­но ќе го обз­на­ни. Те­шко е да се ве­ру­ва де­ка овие фа­кти и пар­ти­ски тај­ни се не­поз­на­ти за Бри­сел и за пр­ве­не­цот на мо­сков­ски МГИ­МО. Ка­но­на­да­та на при­ти­со­ци се оче­ку­ва след­ни­те де­но­ви.

 

На­ме­сто со­бра­ни­ска, бор­ба со пра­вил­ни­ци и со фор­му­ла­ри?!

Се­ри­ја­та не­ве­ро­јат­ни по­те­зи кул­ми­ни­ра­ше, ба­рем до­се­га, со фа­моз­ни­от пра­вил­ник за ти­мо­ви на те­рен. На­стра­на во­ка­бу­ла­рот и пре­по­ра­ки­те во не­го, но це­ло­то па­ку­ва­ње во ком­би­на­ци­ја со уште по­дра­ма­тич­ни­от фор­му­лар ста­на врв на ја­го­тка­та на го­ди­наш­ни­те не­бу­ло­зи од скоп­ска­та улич­ка. Крај­но­то пот­це­ну­ва­ње на сопс­тве­ни­те пар­тиј­ци и на гра­ѓа­ни­те бе­ше со­др­жа­но во пре­по­ра­ки­те ка­ко нив­ни­те чле­но­ви да се од­не­су­ва­ат, не­што што би ли­че­ло за 5-го­диш­ни де­ца, но по­страш­но бе­ше што се­то тоа е на­пи­ша­но за да го прив­ле­чат на­ро­дот, сим­ну­вај­ќи го на ни­во на но­во­ро­ден­че. Ели­ти­стич­ки­от при­стап кон гра­ѓа­ни­те, за­мис­лен во фор­ма на по­ли­тич­ка и еду­ка­тив­на „та­бу­ла рас­а“, е крај­но по­ра­зи­те­лен. Глав­ни­от проб­лем, се­пак, е ма­те­ма­тич­ки, а не се­ман­тич­ки. Неј­се што ги не­ма ни­ка­де и доц­нат це­ли два ме­се­ца, но за да се стиг­не до зна­че­ње­то, тре­ба да се ис­пол­ни ус­ло­вот кој се ви­ка – 5.000 ти­ма. Спо­ред пос­лед­ни­те прес­ме­тки, СДСМ во 2014 го­ди­на брои 75.000 чле­на. Ти­мот, пак, по­драз­би­ра ми­ни­мум двај­ца, а спо­ред Па­вел Ша­тев ќе би­дат трој­ца или 15.000. Во пре­вод – се­кој пет­ти член на пар­ти­ја­та ќе мо­ра се­кој ден да ра­бо­ти по не­кол­ку ча­са на те­рен, и што е не­воз­мож­но – збо­ру­ва­ме за актив­но ан­га­жи­ра­ње на 20 про­цен­ти од членс­тво­то на пар­ти­ја­та. Бит­но, пра­вил­ни­кот го има и Ше­ке­рин­ска го пре­да­ва. Таа, пак, де­фи­ни­тив­но, мо­же да си го доз­во­ли тоа, жи­вее од апа­на­жа и од ки­ри­ја…

 

Aleksandar-Pandov-analizaПан­дов: Ти­мо­ви­те на СДСМ ќе би­дат нај­че­сти кон­су­мен­ти на про­е­ктот на Ни­ко­ла То­до­ров

Од тоа што мо­жев­ме да го про­чи­та­ме во нив­но­то упат­ство на што сѐ го по­ду­чу­ва­ат сво­е­то членс­тво, чо­век сфа­ќа де­ка или овие од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ си го пот­це­ну­ва­ат сво­е­то членс­тво или си го пот­це­ну­ва­ат на­ро­дот, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов. Тој прог­но­зи­ра де­ка епи­лог на ра­бо­та­та на ти­мо­ви­те ќе би­де зго­ле­ме­на ра­бо­та на но­ви­те цен­три за де­пре­си­ја.

ПАН­ДОВ: Не мо­жам да се на­чу­дам на нив­на­та комп­лет­на стра­те­ги­ја. Пред сѐ, ако го трг­не­ме на стра­на мо­мен­тот де­ка по­крај си­те еле­ктрон­ски и пи­ша­ни ме­ди­у­ми што ги по­се­ду­ва­ат, а, ко­неч­но, пак, и се­кој од нив има и про­фил на „Фејс­бук“ пре­ку кој мо­жат да се обра­тат на мно­гу по­го­лем број гла­са­чи, тие ќе трг­ну­ва­ле во трој­ки од вра­та на вра­та. Тоа е си­стем кој се ко­ри­стел во ми­на­ти­от век, ко­га по­ли­ти­ча­ри­те не­ма­ле мож­ност ка­ко да им се обра­тат на сво­и­те гла­са­чи, ама се­га е 2014 го­ди­на. Мно­гу важ­на ин­фор­ма­ци­ја е и де­ка на ан­ке­ти­те тие има­ат са­мо 9 про­цен­ти под­др­шка кај гра­ѓа­ни­те. Тоа во пре­вод зна­чи де­ка на 100 вра­ти, са­мо на 9 ќе ги пре­че­ка­ат со раз­би­ра­ње, ка­кво-та­кво, ако ги нај­дат до­ма. А, еве и ко­га не­кој ќе са­ка да се нај­де во му­а­бет со нив, ќе са­ка, пред сѐ, да слуш­не што ќе им по­ну­ди СДСМ, а не ка­ко што тие оче­ку­ва­ле да слуш­нат од гра­ѓа­ни­те што да пра­ват. По­точ­но ќе им по­ну­ди­ле да ста­нат чле­но­ви. Страш­но! Ако евен­ту­ал­но и ка­ко та­ка ја стар­ту­ва­ат ак­ци­ја­та, по ка­та­стро­фа­та ко­ја ќе им се слу­чи на нив­ни­те ти­мо­ви, од при­чи­ни по­го­ре на­ве­де­ни, исти­те ги гле­дам на­ре­де­ни во ко­ло­ни ка­ко Са­му­и­ло­ва вој­ска, ка­ко че­ка­ат при­ем во нај­а­ве­ни­те од ми­ни­сте­рот То­до­ров 36 цен­три за де­пре­си­ја. Се­ка­ко, на ќар ќе би­дат ап­те­ки­те со зго­ле­ме­на про­даж­ба на ди­ја­зе­пам.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 113. број на неделникот „Република“, 31.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top