Триесет и три годишниот Метин Ислами инаку познат како командант Талибани МВР го превзеде со највисоки безбедносни мерки и со исклучително силно полициско обезбедување.
-По завршената постапка за екстрадиција која повеќе од една година се одвиваше со косовските власти, истиот беше превземен на граничниот премин Блаце и веднаш спроведен во КПД „Идризово“ за издржување на казна затвор која уште во 2008-мата му беше досудена од македонските судови заради сомнение за сторено кривично дело терористичка организација и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрснувачки материи. Казната затвор е 15 години, пресудена во негово отсуство и истиот веднаш е префрлен во затвор каде се обезбедува под засилени мерки, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Ислами беше гонет од страна на македонските влати поради учество и инволвираност во инцидентите кои се случија во тетовско Бродец, по што тој успеа да избега по спроведување на акцијата „Планинска бура“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.