Врбица Стефанов веќе не е тренер на МЗТ Скопје. Според извори на „Република“, тој синоќа ја активирал оставката поднесена по неделниот пораз против Цедевита. Утринава Стефанов не се појавил на тренинг.
„Република“ се обиде да стапи во контакт со Врба, но неговиот телефон е исклучен.
МЗТ утре игра против Партизан во Белград. Денеска тренингот го водел Боби Митев. Се шпекулира дека тој, по сѐ изгледа, ќе биде единствениот на клупата против Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.