| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Врба доби покана од Реал Мадрид

Синот на легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов, 12-годишниот Рубин, ќе настапи во дресот на Реал Мадрид на силен турнир, чиј организатор е токму „кралскиот“ тим, објави Спортмедиа.
Кошаркарот на МЗТ Скопје е еден од најмладите играчи во историјата на македонската кошарка кој добил покана од кошаркарскиот гигант Реал Мадрид да настапи на турнирот кој се одржува 20 години.
Синот на Врба игра на позицијата плејмејкер, а во многу потези потсетува на својот татко. Кога ќе тргне кон кошот, Рубин делува незадржливо за своите врсници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top