| четврток, 6 декември 2018 |

Штикла, па ножички за фантастичен гол на Кобин (видео)

Металист Харков загуби со 1-2 на гостувањето во Варшава кај Легија, украинскиот претставник нема шанси да ја мине фазата по групи во Лигата на Европа, а за утеха во нивна режија е најубавиот гол на четвртата рунда.

Торсилјери одигра феноменално со петица или популарно наречена штикла во фудбалот, а Кобин ја дочека топката со ножички и ја затресе мрежата на Легија.

Прекрасен гол со кој Металист поведе со 1-0, но на крајот и загуби со пресврт со 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top