
Популарното бугарско одморалиште Банско е најповолната финансиска опција за претстој и скијање зимава во Европа.
Австрискиот Сент Антон не е препорачлив доколку буџетот за зимување не е многу голем.
Банско се најде на врвот на листата од 42 најповолни европски ски-центри. Во предвид биле земени просечните цени во хотелите, ски-картите, обуките за скијање, изнајмувањето ски-опрема, вечерните оброци и пијалаците за едно четиричлено семејство во текот на седум зимски дена.
Во Банско, на југозападот од Бугарија, комплетниот пакет чини 2.000 евра, додека за сличен одмор во австрискиот ски-центар Сент Антон се потребни 6.407 евра, пишува „Трип адвајзор“.
По Банско, најповолно зимување нуди шпанската Сиера Невада, во која во периодот од 15 декември до 15 април можете да добиете седумдневен одмор по цена од 2.460 евра. Следи Сочи во Русија во кој зимувањето чини 2.811 евра.
Меѓу најскапите дестинации за скијање, дури четири се во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


