Кога ќе се исклучат камерите од шоуто „Твоето лице звучи познато“, совршениот медиумски однос, смеата, песните се само претстава за публиката.
Иако пред малите екрани сѐ изгледа совршено, од маските и костимите, преку имитациите, па сѐ до поддршката, аплаузите и меѓусебните пофалби, кога сето тоа завршува, учесниците си ги покажуваат вистинските лица.
Српските медиуми пишуваат дека на пробите воопшто не владее тимски дух и дека суетата, зависноста и озборувањата се неизоставен дел од пробите.
На пример, на пејачката Неда Украден и пречат многу работи. Секогаш има замерки на костимот, шминката, доцнењето, иако на сцената плени со харизма и насмевка.
-Најгласна е Неда. Покрај тоа што е најголема ѕвезда меѓу учесниците, сака тоа постојано и да и го кажуваат. Тешко се помирува со годините, па често ги критикува помладите колешки. На една и дава замерки за пеењето, на друга за костимот, трета за имитацијата. Најостра е кон Катарина Богичевиќ, која во една пригода ја прашала: Мала што ќе ти е сето ова? Имаш само 16 години. Си се прашала ли како луѓето те гледаат? Не е ова за тебе“, раскажал еден од вработените во шоуто.
Тој додал дека Неда не е единствената која негативно ја коментира младата црногорска пејачка.
– Поголемиот број учесници Кача ја доживуваат како најголема конкуренција. Гледачите се наклонети кон неа, а и жирито. Секогаш ги добива најголемите критики, пред се на сметка на гласовните можности. Иако шоуто е од хуманитарен карактер, сите сакаат да бидат први и се свесни дека Катарина е најблиску до победата. Сите се плашат од неа“, раскажува изворот кој е секојдневно со учесниците.
Покрај Катарина, на тапет е и Елена Ристеска. Српските медиуми пишуваат вака: Македонката има статус на вистинска ѕвезда. Продуцентите и го финансираат превозот на пробите и настапите.
Таа би сакала секогаш да е секси на сцената. Единствено Бане Мојичевиќ е скромен, никогаш не доцни и е посветен на пробите. Тој добро се забавува и воопшто не се оптоварува со победа, вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


